ПВО системот „Патриот“ ќе биде инсталиран во Полска, а не во Украина

Сподели со своите пријатели

Полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак најави дека германскиот систем за противвоздушна одбрана (ПВО) Патриот ќе биде инсталиран на територијата на Полска, откако Берлин одби да го испрати тој систем во Украина.

Loading...

– Разочаран сум затоа што, по разговорите со Министерството за одбрана на Германија, моравме да се откажеме од нашата поддршка за Украина. Распоредувањето на системот Патриот во западна Украина ќе ја зголеми безбедноста и на Полјаците и на Украинците, напиша Блашчак на Твитер.

Германија минатиот месец ѝ го понуди на Полска системот за воздушна одбрана „Патриот“ за да помогне во обезбедувањето на нејзиниот воздушен простор откако залутана украинска ракета се урна на полска територија, при што загинаа две лица, објави Ројтерс.

Подоцна полскиот министер за одбрана побара од Германија наместо тоа да испрати систем за противвоздушна одбрана во Украина.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.