Путин: Западот ја ограничува Русија затоа што е нивен конкурент

Сподели со своите пријатели

Западот ја започна својата политика на ограничување на Русија затоа што земјата почна да излегува од тешкотиите и да се развива како конкурент, смета рускиот претседател Владимир Путин.

Loading...

„Западот почна да води таква политика веднаш штом Русија почна да се опоравува од тешкотиите, особено кога го врати своето уставно единство, што не беше лесно да се направи кога почна да се развива. Тие видоа дека Русија станува конкурент, и на политичката арена и на полето на меѓународната безбедност“, рече Путин во средата на состанокот со учесниците на Конгресот на млади научници, пренесува ТАС С.

Путин смета дека се воведуваат ограничувања и санкции под изговор за обезбедување на безбедноста на САД, но дека тоа е целосна глупост, бидејќи според него ова е обид да се запре развојот на Русија.

На средбата со учесниците на Конгресот на млади научници во Сочи, Путин се осврна на санкциите воведени од американската страна против Институтот за физика и технологија во Москва на крајот на ноември.

„На кој начин вашиот Институт ја загрозува безбедноста на САД? На никој, тоа е целосна глупост. Постои само едно објаснување, обид да се запре развојот“, рече Путин.

Тој објасни дека во средината на 1990-тите, Русија била добра за сите и на сите им се допаднала „кога и испраќале компири како дел од хуманитарната помош“.

„Ви благодарам за тоа, многумина го направија тоа искрено, знам и искрено зборувам за тоа, бидејќи разговарав со тие луѓе во Санкт Петербург“, додаде Путин.

Според него, штом Русија почнала да излегува од тешката ситуација, кога почнала да се развива, почнале да гледаат на тоа како конкуренција, па ситуацијата се променила на политичката сцена, во меѓународната сфера, во производството, науката. и енергија.

Loading...

„И тоа повеќе не им се допаѓа. И нашите таканаречени партнери почнаа да водат политика на воздржаност“, изјави рускиот претседател.

Тој објасни дека зајакнувањето на суверенитетот може да биде можен одговор на западните санкции.

„Понекогаш се добива впечаток дека различни политички сили во САД едноставно се натпреваруваат едни со други, покажувајќи го своето антируско расположение и со тоа заработуваат поени во внатрешната политика“, рече рускиот претседател.

Путин на шега нагласи дека последните денови постојано разговарал за санкциите, а тие меѓу другото биле тема и на вчерашниот разговор со американскиот претседател Џозеф Бајден.

Американскиот и рускиот претседател во вторникот одржаа видео средба која траеше повеќе од два часа, на која разговараа за Украина и други спорови во американско-руските односи.

Според соопштението на Белата куќа, Бајден му рекол на Путин дека Западот е загрижен дека Русија ќе ја нападне Украина и предупредил на „силни економски и други контрамерки“ што ќе следат доколку Москва започне воен конфликт.

По средбата Кремљ објави дека Путин го повикал Бајден да престане со практиката одговорноста за ескалацијата на ситуацијата околу Украина да се префрли на Русија и дека целиот разговор го оценил како искрен и деловен.