Путин за санкциите: Колку и да некои сакаат да ја изолираат Русија, тоа е невозможно

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Владивосток изјави дека е невозможно западните земји да ја изолираат Русија и покрај санкциите против Москва, кои претставуваат „закана за целиот свет“.

Loading...

„Колку и да некои би сакале да ја изолираат Русија, тоа е невозможно да се направи“, рече Путин на економскиот форум фокусиран на Азија.

Рускиот претседател додаде дека пандемијата на корона вирусот е заменета со нови глобални предизвици кои му се закануваат на целиот свет, наведувајќи дека мислел на „западната треска на воведување санкции“.

Путин рече дека извозот на жито од Украина оди главно во европските земји, а не во сиромашните земји, што претставува ризик од „хуманитарна катастрофа“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Путин: Сите инволвирани во терористичкиот напад во „Крокус“ мора да бидат казнети

„Речиси целото жито што се извезува од Украина не се испраќа во земјите во развој и посиромашните, туку во земјите од Европската унија“, додаде Путин.

Претседателот на Русија на форумот ја поздрави „сè поголемата улога“ на азиско-пацифичкиот регион во светските работи, за разлика од Западот, чија улога е „во опаѓање“.

„Улогата на земјите во азиско-пацифичкиот регион значително порасна“, додаде Путин.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА. 

Loading...