Путин: Воената индустрија ќе го зголеми производството, армијата е гарант на стабилноста

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека армијата е „гарант“ на стабилноста на земјата и дека воено индустриското производство ќе се зголеми за да одговори на „потребите во Украина“.

Loading...

„Модерната и ефикасна армија и морнарица се гарант за безбедноста и суверенитетот на земјата, гарант за нејзиниот стабилен развој и нејзината иднина“, рече Путин во краткото видео обраќање по повод Денот на бранителот на татковината и на пред првата годишнина од руската инвазија на Украина.

Затоа, како и досега, приоритетно внимание посветуваме на зајакнувањето на нашите одбранбени способности, рече Путин.

Руската армија се обидува да тргне во офанзива во источниот украински регион Донбас по серијата порази.

Путин рече дека сака „балансиран, висококвалитетен развој на сите компоненти на вооружените сили“, опремување на војниците со „нови ударни системи, опрема за извидување и комуникација, беспилотни летала и артилериски системи“.

Во помалку од пет минути видео објавено од Кремљ, Путин го поздрави и „тековното зголемување на производството на сите видови конвенционално оружје“ во рускиот воено-индустриски комплекс и повика да се направи повеќе.

Рускиот претседател уште еднаш ја истакна „храброста“ и „херојството“ на руските војници ангажирани во Украина по една година офанзива.

„Нераскинливото единство (на нацијата) е клучно за победата“, рече тој.

Loading...

Путин вчера одржа говор на главниот стадион во Москва по повод големиот патриотски концерт, во кој изјави дека руската армија во Украина се бори за „своите историски територии“.

Според Франс прес, руската армија претрпува големи загуби за време на едногодишната офанзива во Украина.

По серијата порази, Путин мобилизираше најмалку 300.000 резервисти во септември, а многу аналитичари очекуваат уште една голема офанзива во следните недели во Украина.