Путин: Украинските неонацисти убиваат цивили, нашите војници се борат против злото

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин во петокот ги обвини „неонацистите во Украина“ за злосторства врз цивили, по повод Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот, сакајќи да ја оправдаат руската воена офанзива.

Loading...

„Заборавањето на она што нè научи историјата води до повторување на страшни трагедии. Доказ за тоа се злосторствата врз цивилите, етничкото чистење и казните што ги извршија неонацистите во Украина“, се вели во соопштението на рускиот претседател.

„Нашите војници храбро се борат против злото“, додаде Владимир Путин.

„На денот на ослободувањето на германскиот логор на смртта Аушвиц-Биркенау, да се потсетиме дека Путин гради нови кампови на исток“, отворено реагираше полскиот премиер Матеуш Моравјецки, повикувајќи на помош на Украина за историјата „да не се повтори.

За да ја оправда својата воена интервенција, Владимир Путин постојано го осудуваше „геноцидот“, како што тој го нарече, на жителите на рускојазичното подрачје во источна Украина и ја нарече владата на Володимир Зеленски „неонацистичка“.

„Секој обид да се ревидира придонесот на нашата земја во Големата победа (во Втората светска војна) всушност ги оправдува злосторствата на нацизмот и го отвора патот за обновување на неговата крвава идеологија“, предупреди рускиот претседател во петокот во изјавата објавена од Кремљ.

Путин, исто така, го изрази своето жалење за „милиони невини жртви – Евреи и членови на други народи – кои беа убиени, мачени и исцрпени од глад и болести“ за време на Холокаустот.

Досега Русија секоја година учествуваше на Меѓународниот ден за сеќавање на холокаустот, кој се слави на 27 јануари, но годинава не беше поканета на 78-годишнината од ослободувањето на логорот на смртта Аушвиц-Биркенау.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.