Путин: Украинската контраофанзива пропадна, не даде никакви резултати

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека мисли оти Украина може да биде подготвена за мировни преговори само кога ќе ѝ снема ресурси, но дека Киев ќе го искористи потенцијалниот прекин на непријателствата за повторно вооружување.

Loading...

Говорејќи на форумот во рускиот далечноисточен град Владивосток, Путин го повтори своето тврдење дека сегашната контраофанзива на Украина е неуспешна, тврдејќи дека не дала „никаков резултат“, пренесува РИА Новости.

Тој зборуваше и за загубите на вооружените сили на Украина од почетокот на контраофанзивата и наведе дека тие изнесуваат 71 илјада војници.

Тој наведе и дека украинската армија загубила 543 тенкови и 18.000 оклопни возила.

Путин тврди и дека во Украина во бранови се одвива насилна мобилизација, пренесува Танјуг.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.