Путин: Суверенитетот е многу важна работа, треба да биде во срцето

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека суверенитетот е особено важен за Русија, бидејќи во случај на нејзино губење се губи и државноста, а растот на руската економија во голема мера е условен од зајакнувањето на суверенитетот.

Тој на годишната конференција рече и дека се е во економијата, пренесува Спутник.

Како што рече, руската економија е стабилна и покрај сите предизвици, вклучително и надворешните, и посочи дека за две години Русија остварила раст од осум проценти, додека во Америка тој показател е пет-шест проценти, во еврозоната – еден , а во Германија – нула.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русија привлекува сè повеќе студенти од Африка: Во што е тајната?

„Кога сè е мирно, тогаш ни е досадно. Кога работите ќе стагнираат, тогаш се плашиме“, рече Путин.

Тој додаде дека меѓународните финансиски и економски институции ја ставиле Русија на прво место по економски раст меѓу европските земји, а на четврто во светот, но дека не смее да се заспие кога станува збор за овој индикатор, посочи тој.

Според него, еден од клучните економски показатели е стапката на невработеност, која во Русија е на рекордно ниско ниво – 2,3 отсто.

Индустрискиот раст во Русија е 4,4 отсто, рече тој.

Путин оцени и дека заминувањето на странски компании од Русија го поттикнало развојот на домашниот бизнис.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Си сака да ги зголеми инвестициите и да ги прошири економските врски со Русија

„Нашите претприемачи сами почнаа да ги произведуваат овие производи. Тоа создаде потреба да се спроведат дополнителни истражувања, да се вклучат институти, вклучително и развојни. Сето ова е зајакнување на технолошкиот суверенитет“, рече Путин.

Според неговите зборови, секогаш треба да се размислува за иднината, поради што руската влада размислува за иднината и формулира развојни цели.

Годишната конференција на Путин започна нешто по 12 часот по локално време или 10 часот по средноевропско време, а досега има добиено околу два милиони и 800.000 прашања.

За време на конференцијата, членовите на 155-та бригада на Пацифичката флота му подарија на Путин знаме на кое пишува „Каде сме ние, таму е победата“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЛУКОИЛ ВО ПЛАМЕН: Напад со дронови врз клучна рафинерија во Русија (ВИДЕО)

Засилени се безбедносните мерки околу Кремљ и на Црвениот плоштад.

За конференцијата има голем интерес од домашни и странски новинари, меѓу кои кинески и француски медиуми, Си-Ен-Ен, Би-Би-Си и многу други.