Путин: Ситуацијата на светските пазари за храна ќе биде тензична

Сподели со своите пријатели

Ситуацијата на глобалниот пазар на храна ќе биде предизвикувачка поради погрешните постапки на Западот, предупреди рускиот претседател Владимир Путин на состанокот на владата.

Loading...

„Поради околности од објективен и субјективен карактер, ситуацијата на светските пазари за храна ќе биде тензична. Ова е резултат на погрешните постапки на некои наши (западни) партнери, пред се во сферата на енергетиката и макроекономската политика, бидејќи сè друго произлегува од тоа“, рече Путин.

Тој, исто така, предупреди дека континуираната употреба на санкции против Русија може да доведе до катастрофален пораст на цените на енергетските пазари, при што значително повисоките цени на енергијата ќе ги погодат домаќинствата низ Европа, пренесува Независне новине.

„Да, знаеме дека Европејците се обидуваат да ги заменат руските енергетски ресурси. Оценуваме дека резултатот од овие активности ќе биде зголемување на цената на бензинот на самото место и зголемување на цената на енергијата за крајните потрошувачи“, рече Путин на средбата со високи владини претставници што беше емитувана на телевизија.

Рускиот лидер додаде дека сето ова уште еднаш покажува дека санкциите против Русија предизвикуваат многу поголема штета на оние земји кои ги воведуваат.

„Понатамошната употреба на санкции може да доведе до уште потешки, без претерување, дури и катастрофални последици на глобалниот енергетски пазар“, рече Путин.

Путин најави дека производството на нафта во Русија е зголемено од почетокот на годината, додека производството на гас е благо намалено.

„Производството на нафта, вклучително и гасниот кондензат, во јуни достигна 10,7 милиони барели дневно, што е за половина милион барели повеќе отколку во мај. Севкупно, од почетокот на годината до денес, производството на нафта е зголемено за 3,5 отсто на годишно ниво, а производството на гас е благо намалено, за два отсто, во првите пет месеци“, прецизира Путин.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.