Путин: Русија е подготвена да употреби нуклеарно оружје во случај на закани (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин соопшти дека земјата е подготвена да употреби нуклеарно оружје доколку постои закана за руската државност, суверенитет или независност.

Loading...

Во изјава за руските медиуми, Путин рече дека се надева оти Америка ќе избегне каква било ескалација што може да доведе до нуклеарна војна, но нагласи дека руските нуклеарни сили се подготвени за тоа.

Путин истакна дека до сега немало потреба од употреба на нуклеарно оружје во Украина, пренесува РИА Новости.

Тој исто така изрази уверување дека Москва ќе ги постигне своите цели во Украина, како и дека е отворен за разговори, но за секој договор ќе бидат потребни цврсти гаранции од Западот, пренесува Танјуг.

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.