Путин: Постои ризик шумските пожари да се влошат

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека постои ризик состојбата со шумските пожари да се влоши во европскиот дел на Русија и на нејзиниот далечен исток.

Loading...

„Ризиците од влошување на ситуацијата остануваат не само во европскиот дел на земјата, туку и во одредени региони на Далечниот исток, каде ситуацијата со пожарите е традиционално тешка“, рече Путин за време на состанокот со официјални лица на разговори за шумските пожари, пренесува Интерфакс.

Сезоната на шумски пожари во Русија, која станува се поштетна поради климатските промени, обично трае цело лето.

Регионот Рјазан во понеделникот прогласи вонредна состојба бидејќи пожарите зафатија површина од 9.000 хектари, предизвикувајќи смог во блиската Москва.