Путин: Пјонгјанг силно ја поддржува Русија во „специјалната операција“ во Украина

Сподели со своите пријатели

Пјонгјанг останува солидарен со Москва за голем број прашања, вклучително и специјалната воена операција во Украина, што укажува на заедничката решеност на двете земји да се спротивстават на колективната политика на Западот, рече рускиот претседател Владимир Путин во честитката до севернокорејскиот лидерот Ким Џонг-ун и учесниците на свечената средба посветена на 70-годишнината од победата во Корејската војна.

Loading...

Путин нагласи дека силната поддршка на Северна Кореја за Русија за клучните меѓународни прашања „дополнително ја нагласува решителноста во спротивставувањето на политиката на колективниот Запад“, пренесува ТАСС.

Во телеграмата објавена на веб-страницата на Кремљ, се наведува дека ваквата западна политика „го спречува воспоставувањето на вистински мултиполарен, праведен светски поредок, заснован на приоритетот на меѓународното право, неделивата безбедност, почитувањето на суверенитетот и националните интереси на државите. ”

Путин и на својот севернокорејски колега му посака добро здравје.

– Ви посакувам, господине Ким Џонг Ун, успех во вашата одговорна работа за подобрување на пријателскиот корејски народ, а просперитет и мир на сите учесници на состанокот – рече тој.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Северна Кореја можете да ги прочитате ТУКА.