Путин неколку години не разговарал со Зеленски

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин не разговарал со украинскиот лидер Володимир Зеленски во последните неколку години, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Loading...

Запрашан дали е вистина дека Путин веќе неколку години нема ниту личен ниту телефонски контакт со Зеленски, Песков кратко одговори: „Така е“.

Путин и Зеленски последен пат се сретнаа во 2019 година на самитот „Нормандиски формат“ што се одржа во Париз.

Потоа рускиот лидер одржа билатерални средби со сите учесници на самитот: Зеленски, францускиот лидер Емануел Макрон и потоа германската канцеларка Ангела Меркел.

Според веб-страницата на Кремљ, Путин по тој состанок неколкупати телефонски разговарал со украинскиот претседател – во февруари и јули 2020 година.

После тоа немаше најава за контакти меѓу двајцата лидери.

На крајот на 2021 година, Кремљ објави дека нема посебни изгледи за средба меѓу Путин и Зеленски поради постапките на Киев и тешкотиите во комуникацијата со украинскиот претседател. Зеленски неосновано ја обвини Русија за учество во конфликтот во Донбас, а исто така одби да ги почитува договорите од Минск.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...