Путин најави важно обраќање до јавноста

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин денеска треба да и се обрати на јавноста, потврдија од Кремљ. Обраќањето треба да започне околу 15:00 часот.

Loading...

Путин ќе зборува на панелот на тинк-тенкот „Валдаи Москва“, каде прашања ќе можат да поставуваат независни новинари и аналитичари од западните земји.

„Тоа ќе биде голем говор“

Обраќањето на рускиот претседател беше објавено само еден ден откако Путин надгледуваше воена вежба за насилен нуклеарен напад преку видео врска.

Дмитриј Песков, портпаролот на Путин, кој вчера зборуваше на панелот „Валдаи“, рече: „Тоа ќе биде голем говор и ќе биде проследен со дискусија“.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.