Путин му сврте грб на Шојгу (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Снимката на која рускиот лидер Владимир Путин брзо му врти грб на својот колега, министерот за одбрана Сергеј Шојгу, стана вирална на социјалните мрежи, поттикнувајќи нови шпекулации за заладени односи во руското раководство.

Loading...

Путин и Шојгу ја посетија московската болница Вишневски за да им доделат медали на војниците кои беа ранети во конфликтот со Украина.

Путин со оваа постапка очигледно го изразил своето незадоволство од настапот на руската армија во Украина и оставил впечаток дека повеќе не чувствува голема наклонетост кон министерот Шојгу.

Додека Шојгу се позиционираше на едната страна од ранетите војници, Путин енергично помина покрај него, свртувајќи го грбот.

Во еден момент Шојгу тргна кон Путин за да му каже нешто, но рускиот лидер го игнорираше, стоејќи со свртен грб.

„Не треба да сте експерт за говор на телото за да разберете што мисли Путин за неговиот министер за одбрана Сергеј Шојгу во моментов“, напиша на Твитер аналитичарот за надворешна политика во Киев, Џими Раштон, заедно со видеото што е веќе прегледано повеќе од 600.000 пати.

 

Loading...

 

Кога Путин стана претседател во 2000 година, Шојгу беше еден од ретките луѓе во неговиот близок круг што не потекнуваше од родниот град на претседателот, Санкт Петербург, ниту служеше во руските безбедносни служби.

Меѓутоа, по неуспехот во Украина, Путин ја загуби довербата во Шојгу, а многумина веруваат дека тој би можел да го искористи како „жртвено јагне“, прогласувајќи го за единствен виновник за неуспесите на Русија на фронтот, пренесува Кликс.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.