Путин му рекол на Шолц дека пристапот на Запад кон Украина е „деструктивен“

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин му рекол на германскиот канцелар Олаф Шолц во денешниот телефонски разговор дека пристапот и односот на Германија и Западот кон Украина е „деструктивен“ и го повика Берлин да ги преиспита своите односи, соопшти Кремљ.

Loading...

„Преплавувањето на Украина со оружје е деструктивна политика“, рече рускиот лидер во разговор со Шолц, пренесе ТАСС.

Тој додаде дека истото може да се каже и за фактот дека западните земји, вклучително и Германија, обучуваат украински војници.

Според Путин, поради сето ова, како и големата финансиска поддршка за Украина, режимот во Киев ја отфрла самата идеја за преговори.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Путин даде рок од две недели да се смисли како да се зголеми наталитетот

Како што пренесуваат руските медиуми, Путин рекол и дека на Русија треба да и се дозволи да учествува во истрагите, како што наведе, за терористичките напади на гасоводот „Северен тек“ во Балтичкото Море.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.