Путин испрати фрегата вооружена со хиперсонични „циркони“ во Атлантскиот Океан

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека испратил фрегата вооружена со хиперсонични крстосувачки ракети „Циркон“ во Атлантскиот Океан.

Loading...

За време на видео конференцијата со министерот за одбрана Сергеј Шојгу и командантот на бродот Игор Крокмал, Путин рече дека фрегатата е опремена со најновиот хиперсоничен ракетен систем, кој нема ривал.

Шојгу изјави дека фрегатата „Адмирал на флотата на Советскиот Сојуз Горшков“ ќе плови во Атлантикот, Индискиот Океан и Средоземното Море, пренесува Ројтерс.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.