Путин и Ердоган се договорија дел од гасот да се плаќа во рубљи

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во петокот се договориле дел од исплатата за рускиот гас да биде во рубљи, пренесе Интерфакс, цитирајќи го рускиот вицепремиер Александар Новак.

Loading...

За време на четиричасовната средба во црноморското одморалиште Сочи, двајцата лидери се договориле и за подобрување на соработката во областа на транспортот, земјоделството и градежната индустрија, пренесе ТАСС.

Тие, исто така, ја истакнале потребата да се обезбеди спроведување на договорот за жито од Истанбул, вклучително и непречен извоз на руско жито, се наведува во заедничката изјава на Путин и Ердоган.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  13 лица загинаа во гранатирањето на Дњепропетровск

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.