Путин ги потпиша законите за влез на четири украински територии во Русија

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша четири федерални уставни закони за пристапување кон Русија на самопрогласените Народни републики Доњецк и Луганск, како и на регионите Запорожје и Херсон во Украина и назначи нивни привремени водачи, пренесува ТАСС.

Loading...

Документите се објавени на интернет порталот за правни информации.

Рускиот претседател го назначи Денис Пушилин за вршител на должноста шеф на Доњецка Народната Република, Леонид Пашечник за привремен шеф на Луганска Народната Република, Евгениј Балицки за вршител на должноста гувернер на областа Запорожје и Владимир Саљд за привремен гувернер на регионот Херсон.

Вршителите на овие региони управуваат со териториите додека не се изберат шефовите на новите региони во согласност со руските закони на изборите следната година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украинците гинат дури и кога се обидуваат да ги загреат своите домови

Законите, кои Путин ги потпиша денеска, конкретно ги дефинираат границите на новите конститутивни ентитети на Руската Федерација, според кои тие одговараат на оние што постоеле на денот на нивното создавање и припојување кон Русија.

Тие прецизираат дека границите на новите субјекти со други земји ќе се сметаат за државни граници на Русија.

Според законите, жителите на новите региони се сметаат за руски државјани од денот кога териториите биле прифатени во Русија на 30 септември.

Оние кои сакаат да се откажат од руското државјанство, сепак имаат еден месец да аплицираат за тоа.

Loading...

Државната дума и Советот на Федерацијата, Долниот и Горниот дом на рускиот парламент, вчера и понеделник ги ратификуваа документите за прием на самопрогласените Луганск и Доњецк, Запорожје и Херсон во Русија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кадиров му одговори на папата: Tој е жртва на пропаганда

Русија го прогласи својот пристап во четири региони по одржувањето на референдуми во тие области на Украина, што западните влади и Киев го отфрлија како принудно гласање и кршење на меѓународното право.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.