Путин денеска во Сочи се среќава со Ердоган

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Сочи ќе разговара со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Loading...

Турскиот и рускиот лидер меѓу другото ќе разговараат за билатерални и регионални прашања, вклучително и за ситуацијата во Украина и Сирија. Меѓу темите е и економската соработка.

„Ова ќе биде добра можност да се споредат белешките за ефективноста на механизмот за извоз на жито од украинските пристаништа, за да се види колку е ефикасен. И, секако, да размениме мислења за светските прашања“, рече Песков.

Тој додаде дека распоредот е прилично згуснат.

Песков истакна дека, освен тоа, Путин закажал голем број разговори, работни состаноци кои се невидливи за јавноста, а ќе ги има многу во текот на денот, пренесе ТАСС.

Да потсетиме, Путин и Ердоган последен пат се сретнаа во Иран минатиот месец. Тоа беше нивна прва средба од почетокот на војната во Украина.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.