Путин: 90% од рускиот извоз на храна оди во Азија, Африка и Латинска Америка

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин денеска на самитот на Шангајската организација за соработка изјави дека 90 отсто од рускиот извоз на храна оди во Азија, Африка и Латинска Америка и потврди дека Русија е подготвена бесплатно да испорача 300.000 тони ѓубриво во земјите во развој, објави ТАС.

Loading...

„До 90 отсто од нашата храна оди на пазарите во Азија, Африка и Латинска Америка“, рече Путин.

Кога станува збор за ѓубривото, Путин рече дека пред два дена го информирал генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш дека 300.000 тони руско ѓубриво се акумулирале во поморските пристаништа на ЕУ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поскапе регистрацијата на автомобилите

„Подготвени сме бесплатно да ги доставиме до земјите во развој“, рече Путин.