Пушка, муниција и алкохол украдени од куќа во село Дренак

Сподели со своите пријатели

Во текот на вчерашниот ден во СВР-Куманово П.К.(49) од село Тромеѓа–кумановско пријавил дека во периодот од 05 до 17.09.2016 година во неговата куќа лоцирана во село Дренак, непознат сторител извршил тешка кражба на начин што со подесен алат насилно ја отворил влезната врата од куќата, влегол внатре и од трите простории во куќата одзел ловна пушка марка „Црвена Застава“ калибар 12мм, еден реденик со муниција, како и разновидни алкохолни и безалкохолни пријалоци.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово. Причинета била материјална штета од околу 20.000 денари. СВР-Куманово презема мерки за пронаоѓање на сторителот како и целосно расчистување на случајот.