Пунто изгоре во пожар во Куманово

Сподели со своите пријатели

Паркирано патничко моторно возило „фиат пунто”  вчеравечер било опожарено во Куманово.

Loading...

– На 08.11.2022 година во 20.40 часот во СВР Куманово било пријавено дека на улица „Гоце Делчев” во Куманово настанал пожар во паркирано патничко моторно возило „фиат пунто”  со кумановски регистарски ознаки, сопственост на З.З.(25) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Од Територијалната противожарна единица Куманово информираат дека четворица пожарникари интервенирале на пожарот во период од 20:40 до 21:15 часот.

Во пожарот нема повредени лица, велат од кумановската полиција.

Екипа од СВР Куманово извршила увид на место на настанот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен 18-годишник од Куманово поради кражба