Пукање од автоматска пушка во Слупчане

Сподели со своите пријатели

Две пукања во период од половина час вчера се случија во кумановско.

Loading...

Откако првин непознато лице испукало неколку куршуми од возило во движење на улицата „ЈНА“, пукање имало и во Слупчане, но сторителот е приведен.

– На 18.05.2020 околу 19.30 во СВР Куманово било пријавено дека во селото Слупчане, кумановско, по претходна расправија со неговиот сосед С.И., Н.М испукал еден проектил во воздух од автоматска пушка, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово, при што била пронајдена и подигната една чаура. Н.М. бил приведен, а му било одземено и оружјето.

По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски

Leave a Reply