Лицето кое пукаше во Куманово сè уште не е пронајдено

Сподели со своите пријатели

Полицијата сè уште е во потрага по лицето кое вчера по почнување на полицискиот час пукало од возило во движење во Куманово.

Loading...

– На 18.05.2020 околу 19.10 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„ЈНА“ во Куманово едно лице, кое управувало патничко моторно возило со непознати регистарски ознаки, испукало три куршуми од огнено оружје, стои во краткото соопштение на Министерството за внатрешни работи.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово, при што биле пронајдени и подигнати три чаури.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.

Никола Ивановски

Leave a Reply