PUBG од денеска е бесплатна

Сподели со своите пријатели

Една од најпопуларните bettle royal игри во светот, PUBG, се префрла на бесплатен „freemium“ модел, пренесува GamesRadar.

Loading...

Практично, тоа значи дека секој што сака ќе може бесплатно да ја игра играта, а ќе има можност и одделно да ја купи надградбата „Battleground plus“.

Оваа надградба нуди дополнителна содржина и уште два вида натпревари за играње.

Играчите кои ја купиле играта пред оваа одлука автоматски ќе бидат префрлени на режимот „Battleground plus“.

А надградбата од денеска ќе можете да ја купувате посебно за 13 американски долари.

За да ја прослави промената на форматот, студиото за развој на игри ќе додаде нова бесплатна содржина во играта во февруари.

Од денес, PUBG Battlegounds е бесплатен за играње на сите платформи.

„Оваа одлука отвори можност да се поканат уште повеќе луѓе на забавата, што значи дека ќе видиме промени кои можеби не сме ги виделе со претходниот модел на плаќање за играта. Во однос на развојот на играта, ќе продолжиме да го правиме она што отсекогаш сме го правеле: иновации и нови искуства“, изјави Дејв Курд, креативен директор на PUBG Inc.

Loading...