Првото бебе во Куманово за 2016 година е машко (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Машко бебе е првиот жител на Куманово кој се роди 35 минути по полноќ, а воедно и единственото бебе родено до сега што се однесува за првиот ден од 2016 година.

 

Loading...

[huge_it_gallery id=”282″]

 

Ова е првото дете на 27-годишната Марија Ѓорѓевиќ од с. Речица, која е невработен дипломиран земјоделски инжинер.

 

Во име на градоначалникот на Општина Куманово и граѓаните, Секретарот на општината, Валентина Алексовска со претставници на општинската администрација, бебето и мајката симболично ги даруваше со златник и цвеќе.

Оваа година традиционално претставници од општината, дојдовме да го посетиме новороденчето да му посакаме здравје и среќа. Во име на градоначалникот, Советот и општинската администрација донесовме подарок, еден златник. Ова е 10-та година што доаѓаме и во име на градоначалникот, Советот и администрацијата им посакуваме успех здраје среќа и што поскоро малиот да си добие братче или сестриче– изјави Секретарот на Општина Куманово, Валентина Алексовска.

 

Началникот на Одделението за акушерство и гинекологија, др. Нисо Тасов вели дека ова не е темпирано бебе со зарски рез, туку истото требало да се роди пред 12 часот, но поради компликации на овој свет првото бебе пристигна после полноќ.

Бебето е родено половина час по полноќ, со царски рез, индикацијата е јасна, пролонгирана бременост, детето е машко, 2 кила и 990 грама, 50цм долго, со абгар 9 од 10 многу витално. Мајката е добра, така што цела ноќ поминавме со веселба, но и потешка работа, таква пациентка ни беше, но ние секогаш се радуваме што тие се добро. Многу се гордеам кога вака сите мајки се весели со убаво дете Ова не е темпирано дете со царски рез да се роди, ние сакавме и пред 12 да биде, бидејќи таква беше состојбата, но поради анестезиолошки причини, жената јадела, пиела, а треба да поминат 6 часа од следниот оброк и така го детето храневме и после тоа се подготвувавме– изјави др. Тасов.

Loading...

 

Инаку ова е единственото бебе родено до овој момент на Одделението за гинекологија и акушерство, а тоа што полот на бебето е машки според верувањата ни носи берикетна година.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.