ПРВО ЈА СПАСИЛЕ, ПА ЈА ВДОМИЛЕ! Оваа пума живее како вистинска домашна мачка (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Семејство од Русија посвоило пума и ја третираат како класично милениче

Loading...

Еве неколку факти за пумата: тие можат да пораснат од 1,8 до 2,4 метри, се екстремно мускулести, имаат големи шепи и остри канџи. Тие можат да трчаат до 80 километри на час и можат да убијат возрасен за неколку секунди.

Сега кога го знаеме сето ова, дали би чувале пума како домашно милениче?

Семејство од Русија се решило на овој неверојатен чекор. Тие посвоиле пума по име Меси.

Оваа прекрасна мачка ја носат на прошетка, си играат со неа, па дури и ја капат. Но, веројатно се прашувате како ова семејство ја посвоило пумата?

Меси е помала од просечната пума, што значи дека би била лесна мета во дивината. Знаејќи дека Меси најверојатно нема долго да преживее во дивината, семејството ја посвоило и ја припитомило.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by I_am_puma (@l_am_puma)

Loading...