Првиот ураган во сезоната се движи кон јужниот пацифички брег на Мексико

Сподели со своите пријатели

Ураганот Агата, првиот во сезоната, денеска се движи кон туристичките плажи и риболовните места на јужниот пацифички брег на Мексико, со предупредување на надлежните служби дека ќе донесе обилни дождови и можни поплави.

Loading...

Ураганот почна брзо да се засилува вчера и се предвидува дека попладнево или вечерта ќе стигне до мексиканскиот брег како силен ураган од трета категорија, соопшти Американскиот национален центар за урагани (NHC).

 

Улични борби во Северодонецк: „На Русите не им е грижа колку жртви ќе имаат“

 

Се упатува кон областите во близина на Пуерто Ескондида и Пуерто Анџела во јужната мексиканска држава Оахака, каде што се наоѓаат познати туристички места.

Центарот за урагани предупреди дека ураганот Агата може да донесе многу опасна бура и силен ветер.

Доцна синоќа ураганот се движеше со налети на ветер кој достигна брзина од 175 километри на час, што е многу блиску до јачината за трета категорија, соопшти центарот за урагани.

Loading...

 

ЕУ сѐ уште без договор за ембарго на руска нафта

 

 

Се наоѓа на околу 225 километри југозападно од Пуерто Анџела и се движи североисточно со брзина од девет километри на час.

Во сила е предупредување за ураган меѓу пристаништата Салина Круз и Лагунас де Чакау.

Американскиот центар за урагани соопшти дека невремето ќе донесе 250 до 400 милиметри дожд во делови од Оахака, а на некои места и до 500 милиметри, што претставува закана од поројни поплави и лизгање на земјиштето.