ЕУ сѐ уште без договор за ембарго на руска нафта

Сподели со своите пријатели

Официјални лица од земјите-членки на Европската унија (ЕУ) не успеаја ниту во неделата да постигнат договор за шестиот пакет санкции против Русија.

Loading...

Комитетот од постојани претставници – Корепер, составен од претставници на земјите-членки, се обиде во неделата попладне да постигне консензус за шестиот пакет санкции, кој вклучува забрана за увоз на руска нафта, но без успех.

 

Улични борби во Северодонецк: „На Русите не им е грижа колку жртви ќе имаат“

 

Нова средба е закажана за утрово, пред почетокот на специјалниот самит за Украина.

Попладнево почнува дводневен самит на ЕУ за Украина и последиците од руската агресија врз таа земја.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Цената за регистрација на автомобилите ќе остане иста

Корепер во последните денови интензивно седи и се обидува да постигне консензус за да се тргне прашањето од дневниот ред до почетокот на самитот.

Loading...

 

Улични борби во Северодонецк: „На Русите не им е грижа колку жртви ќе имаат“

 

Истовремено, Европската комисија (ЕК) потврди дека на маса ставила изменет предлог според кој до крајот на годината ќе биде забранет увозот на руска нафта испорачана со бродови, додека нафтата што пристигнува во ЕУ би можеле да се увезуваат некое време.

„Европскиот совет денеска ќе биде информиран за предлогот, а следната недела се очекува договор на ниво на Корепер“, изјави извор од ЕК.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Цената за регистрација на автомобилите ќе остане иста

На почетокот на месецов ЕК предложи шести пакет санкции против Русија, но по речиси еден месец преговори сѐ уште не е постигнат договор.

 

Улични борби во Северодонецк: „На Русите не им е грижа колку жртви ќе имаат“

Loading...

 

Главна пречка е Унгарија, која бара ослободување од забраната за увоз на руска нафта или голема финансиска компензација за нејзината согласност за шестиот пакет санкции.

Унгарија на тој начин го наруши европското единство, што се смета за еден од основните предуслови за успешно спротивставување на агресивната политика на рускиот претседател Владимир Путин.