Првиот брод со жито ќе ја напушти Одеса денеска

Сподели со своите пријатели

Првиот брод што денеска го напушти црноморското украинско пристаниште од почетокот на рускиот напад носи 26.000 тони пченка и, како што е наведено од мониторинг телото на ОН, ќе помине инспекција во Истанбул, пред да го продолжи патувањето кон Либанскиот град Триполи, втор по големина во таа земја по Бејрут.

Loading...

Веста дека бродот ја напуштил Одеса ја потврдија турски и украински претставници, објави британски „Телеграф“.

Товарниот брод „Разони“ од Сиера Леоне, кој тргна од Одеса, се очекува да пристигне во турските води на 2 август, објави Заедничкиот координативен центар (ЗКЦ) со седиште во Истанбул, додавајќи дека од сите воени сили во регионот било побарано да го обезбедат бродот безбеден премин, пренесе Ројтерс.

ЗКЦ е составен од претставници на Обединетите нации, Русија, Украина и Турција, а тие претходно оценија дека пристаништето во Одеса е подготвено и дека бродот може да го напушти пристаништето.

На 22 јули Москва и Киев потпишаа посебни договори со Турција и Обединетите нации, со што се создадоа услови за деблокирање на извозот на украинското жито.

Договорено е да се извезат околу 22 милиони тони жито и друга земјоделска стока од црноморските пристаништа во Украина.

Како дел од договорот, на Русија и е дозволено да извезува житарки и вештачки ѓубрива.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА. 

Loading...