„Првин ќе ме земеш, после ќе ме…“ на сцената на НУЦК „Трајко Прокопиев“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Претставата „Првин ќе ме земеш после ќе ме…“ вечерва беше изведена во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во рамките на театарскиот фестивал „Денови на комедијата“, наместо претходно закажаната претстава „Забрането смеење“ од Театар Струмица.

 

Loading...

 

Во претставата, продуцирана од Театар Крик од Скопје, играа Роберт Ристов, Мирјана Ристов и Дарко Вељиќ, а под режисерска палка на Ѓорѓи Ризески.

 

 

Дејствието на претставата се случува овде и сега, во еден реален временски интервал, за време на едновечерна средба „на слепо“, помеѓу лекторката Кети-Мјау Соколовска и ветеринарот Ѓорѓи Мучев. …Тој, маж со неуспешен брак зад себеси, решен – никогаш повеќе да не се жени и на оваа средба гледа само како на едновечерна авантура… …Таа – девојка со веќе донесена одлука – да се мажи на оваа средба, уште истата вечер. Ваквите контра очекувања, оваа средба ја прават исполнета со многу конфликтни ситуации кои во одредени моменти водат до точка на безизлезност.

 

Loading...

 

По пат на гласање публиката одлучуваше по која од понудените варијанти се игра претставата.

– Задоволни сме како рагираше публиката, се надевам и дека публиката е задоволна од нас. Ова е трет пат како ја играме оваа претстава во Куманово, имавме две изведби во Театар Куманово, но тоа беше пред една година, но имајќи предвид дека претставата нуди повеќе различни варијанти, сигурен сум дека никој од публиката ја нема видено оваа варијанта од вечерва. За оние кои ја немаат ледано претставата, истата има неколку прекини по ред, при што нудиме неколку варијанти како понатаму да продолжи претставата, така што секоја изведба е барем по една до две сцени поразлична од претходно гледаното. Подготвени се три варијанти од кои ги бираме различните и правиме своевидна претстава секогаш поразлична од претходната, изјави актерот Роберт Ристов.

 

 

Веќе утре на репертоарот на театарскиот фестивал „Денови на комедија“ е претставата „Наопаку“ на Албански театар Скопје.

 

Leave a Reply