Први награди од натпреварот во Србија донесоа учениците од музичкото училиште (фото)

Сподели со своите пријатели

Дрин Салиу и Ермир Бекташи се добитници на првите награди во категоријата соло пијано на натпреварот кој се одржа завчера во Уб, Србија.

 

Loading...

1

 

Двајцата ученици настава по музичко образование посетуваат во музичкото училиште „Панче Пешев“ од класата на проф. м-р Сандра Зојчевска. На 14-от традиционален натпревар учениците од Куманово се претставија со мали прелудиуми од Бах, како и сонатен став од Моцарт.

 

index

 

Во силна конкуренција тие ги освоија првите награди, а нивната менторка повторно ја направија да биде горда на нив.

Гордост и чест е да се има вакви ученици, честитки до моите ученици и им посакува уште поголеми успеси и награди на натпреварите кои ни следат – изјави нивната професорка и ментор проф. м-р Сандра Зојчевска.

Пред околу една недела ученици од музичкото училиште во Куманово исто така се вратија со неколку награди од друг натпревар, што само зборува за квалитетот со кој располага нашиот град.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.