Прва жртва на Монт Еверест сезонава е Индиец, уште едно лице исчезнато

Сподели со своите пријатели

Рави Такас (28) пронајден е мртов во својот шатор во кампот на Монт Еверест, на височина од 7.920 метри, додека неговиот тим се одморал по успешното искачување на врвот.

Loading...

Првата жртва на овогодинешната сезона на искачување е Индиецот, а еден планинар од Ирска е исчезнат, соопштуваат организаторите на експедицијата во непал.

Вчера еден ирски член на оваа група Шемус Лолес (39) исчезнал кога се ллизнал и паднал во областа „балкони“, на височина од околу 8.300 метри.

Водичите ја засилуваат потрагата по него. Еден индиски војник претходно загинал на блискиот врв Монт Какалу, два дена по загинувањето на уште двајца Индијци на Монт Канченџунги, третиот највисок врв во светот. Исчезнат е и еден Чилеанец.

Leave a Reply