Прва жена на Месечината до 2024 година

Сподели со своите пријатели

Мисијата се соочува со финансиски и научни предизвици.

Loading...

Официјални претставници на НАСА соопштија дека се обврзале да ја испратат првата жена на Месечината до 2024 година, славејќи ги женските лидери.

Говорејќи на неодамнешниот настан организиран во чест на женското претприемништво, официјалниот претставник на НАСА, Џим Бриденштајн, посочи дека неговата ќерка е мотивирачки фактор и дека жените во иднина ќе одат на Месечината.

„Имам 11-годишна ќерка. Сакам таа да се гледа себеси како некој што има можности што ги имав и рас додека растев“, рече тој.

Во моментов, само 12 жени се астронаути во НАСА, што е помалку од една третина од вкупниот број астронаути.

Проектот, именуван Артемида, по грчката божица на Месечината, ќе чини 20 до 30 милијарди долари во текот на следните 5 до 6 години, а парите допрва треба да бидат обезбедени.

„Еден од предизвиците со кои треба да се справиме е политичкиот ризик што НАСА го прифаќа при изведување долгорочни проекти“, рече тој.

Мислењето на американскиот претседател Доналд Трамп е непознато, пишува Индипендент. Во јуни тој инсистираше на тоа дека НАСА се фокусира на многу поважни мисии отколку испраќање жени на Месечината, како на пример одење на Марс.

Loading...

Leave a Reply