Проверете ја временската прогноза пред утрешниот излет

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен правец, особено во западните делови каде ќе достигнува брзина околу 60 км/час, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 23 степени.

Во наредните два дена во попладневните часови ќе има услови за краткотраен локален дожд и грмежи, а преодно стабилизирање се очекува во петок кога температурите ќе бидат во пораст.

Нови пообилни врнежи од дожд се очекуваат од сабота кон крајот на денот.

Leave a Reply