Провалил во маркет во Куманово, па им ги украл цигарите

Сподели со своите пријатели

Непознат сторител во текот на ноќта ограбил магацин на маркет во Куманово, при што си заминал со повеќе кутии цигари.

Loading...

– На 21.04.2021 година во 01.35 часот во СВР Куманово било пријавено дека во периодот од 19.00 часот на 20.04.2021 до 01.00 часот на 21.04.2021 во магацински простор на маркет во населба Перо Чичо непознат сторител со употреба на сила влегол внатре и одзел повеќе кутии со цигари, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Извршен бил увид на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски

Leave a Reply