Протест на сопствениците на ресторани во Париз поради мерките за коронавирус

Сподели со своите пријатели

Угостителите во Париз и нивните вработени излегоа денеска пред своите ресторани со црни траки околу рацете и удирајќи во тенџериња и тави ја повикаа француската Влада да не ги засилува ограничувањата за коронавирусот.

Loading...

Министерката за здравство Оливија Веран вчера најави дека регионот на Париз од понеделник ќе биде под максимален режим на подготвеност поради зголемувањето на бројот на случаи со коронавирус.

Сопствениците на ресторани стравуваат дека новите затворања може да ги принудат да ги затворат фирмите.

Баровите и рестораните во главниот град на Франција, според сегашните ограничувања, работат до 22 часот.

– Постои голема загриженост за нашите работни места, за нашите плати, за нашата иднина, изјави Андреа Винченци, кој раководи со ресторанот „Ла Виј д’Прованс“ во северен Париз.

Веран рече дека регионот Париз ги исполнува сите три владини критериуми за да биде ставен во највисокиот степен на подготвеност.

Во изминатите 24 часа, стапката на инфекција со коронавирус надмина 250 случаи на 100.000 жители.

Шефот на кујна со две Мишелин ѕвезди, Филип Ечебест ги повика колегите, сопственици на кафулиња и барови, да протестираат против можното затворање на објектите и да излезат пред своите ресторани денеска пред ручек и да направат малку врева.

Loading...

Претходно, министерката Веран нареди да се затворат баровите и рестораните во Марсеј, на југот на земјата, за две недели.

Leave a Reply