Протече „вселенска тајна“ која Русија ја криеше 58 години (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Се зборува дека Русија чува снимки од бројни изгубени астронаути низ годините, но тие демантираат.

Loading...

Несреќата која се случила на почетокот на трката на САД и СССР за вселената се уште е мистерија која останала без објаснување. Сите се сеќаваат на успешната мисија за првиот човек на Месечината од 21 јули 1969 година.

Пред тоа Русија на 12 април 1961 година успешно во орбитата го испратила Јуриј Гагарин. Набргу стигнал и одговор од САД кои го испратиле Алан Шепард. Натпреварување започнало и Русија се подготвувала за уште еден лет. Овој пат одлучиле да го срушат рекордот на Гагарин.

Во приказната која е затскриена стои дека Советскиот Сојуз имал намера да испрати прва жена во вселената. Во тоа време Американците имале само помал лет во земјината суб-орбита, додека Русите сакале да го испратат својот прв космонаут подалеку во орбитата.

Мисијата која ја лансирале на 16 мај 1961 година забележала 17 кругови околу Земјата. Лансирањето минало добро, но кога требало да влезе во вселената, нешто тргнало на лошо. Никој никогаш не дознал што точно се случило.

Меѓутоа снимките од нејзините последни моменти предизвикуваат страв. Русинката се обидела да стапи во контакт со контролата на летање на Земјата, меѓутоа не добила одговор.

„Слушајте, слушајте! Зборувајте со мене! Тука е топло, топло ми е!“, зборувала жената.

Во еден момент таа прашува дали тоа е опасно, меѓутоа нема одговор.

Loading...

„Многу е топло, 32, 41…! Гледам пламен, да, голем пламен. Ќе се срушам! Врело е!“, извикувала жената. 

Во тој момент снимката се прекинува и повеќе не се слуша ништо. Изгледа дека враќањето не функционирало добро. Ракетата горела, а со неа и жената кој изгорела жива. Три дена подоцна, на 26 мај 1961 година, Советите објавиле дека вселенското летало се вратило на Земјата.

Ракетата целосно изгорела, а телото на жената не било пронајдено. За тоа никогаш не се зборувало до денес. Руската влада негира дека тоа некогаш се случило. Се зборува дека Русите чуваат тајни снимки од бројни загубени астронаути во текот на години.

Како и во случајот со жената, тие и натаму негираат дека такви луѓе некогаш биле во вселаната.

Leave a Reply