Протече снимка од Крим: Аеродромот гори (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

На социјалните мрежи беа објавени првите снимки од експлозиите кои во текот на ноќта се случија на Крим.

Loading...

Според информациите на украинските медиуми, аеродромот под руска контрола бил гранатиран.

Повикувајќи се на руските и украинските канали на Телеграм, медиумите јавуваат дека во ноќта меѓу средата и четвртокот се слушнале силни експлозии во градот под контрола на Русија.

Доцна синоќа беше гранатиран градот Џанкој на Крим, каде што беа пријавени експлозии.

Дополнително, се посочува дека бил погоден и тамошниот аеродром кој исто така е под контрола на Русите.

Сега се објавени снимки од експлозијата на аеродромот, а Украина наводно користела дронови за овој напад.

Поради неодамнешните настани во Полска, кога две ракети паднаа на тамошната територија и загинаа две лица, многу луѓе оценија дека гранатирањето на Крим е одмазда на Украина.

Имено, американскиот претседател Џо Бајден и челниците на НАТО алијансата објавија дека на територијата на Полска паднале украински ракети кои биле истрелани за пресретнување на руски.

Loading...

Володимир Зеленски жестоко ги негираше овие тврдења и побара Украина да има пристап до истрагата, но тоа барање беше одбиено.

 

 

Одмаздата на Путин

Меѓутоа, бидејќи Крим беше гранатиран во текот на ноќта, руските сили одговорија уште од рано наутро.

Гувернерот на Киевската област Олексиј Кулеба изјави дека противвоздушната одбрана се обидува да собори руски ракети кои се насочени кон Киев.

Покрај тоа, цел беше и клучниот пристанишен град Одеса.

Засега нема повеќе детали за евентуални жртви или материјална штета, но Одеса од утрово е под гранатирање.

Loading...

Неколку украински региони се во состојба на готовност поради ракетни напади, пренесува Нова.рс.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.