Проруските сепаратисти тврдат дека зазеле три села во источна Украина

Сподели со своите пријатели

Проруските сепаратисти кои се борат заедно со руските сили во Украина денеска известија дека зазеле три села во близина на Бахмут во источна Украина, во првите освојувања по тешкотиите на другите фронтови.

Loading...

Сепаратистичките борци од источниот регион на Доњецк преку Телеграм објавија дека ги зазеле селата Отрадивка, Весела Долина и Заицеве.

Руската армија синоќа во својот дневен весник објави дека ги освоила Отрадивка, Весела Долина и Зајцеве.

Тиете три села се наоѓаат јужно од градот Бахмут кој е под контрола на Украина, кој руската армија неуспешно се обидува да го освои со месеци.

Ова се први пријавени напредувања од страна на московските сили, кои беа попречени од украинската контраофанзива започната на почетокот на септември.

Во контраофанзива, Украинците успеаја да заземат поголем дел од регионот Харков на североисток, стотици квадратни километри во регионот Херсон на југ, како и логистичкиот центар Лиман на исток, каде руските војници за влакно избегнаа да бидат опколени.

Водачот на сепаратистите од Доњецк, Денис Пушилин, денеска изјави дека ситуацијата во близина на Лиман „останува најтешка“ во регионот, каде што руските војници работат на изградба на одбранбена линија во близина на Кремина, понатаму на исток.

„Непријателот дење и ноќе ја тестира нашата одбранбена линија и можеме да кажеме дека линијата на фронтот се стабилизира“, рече Пушилин, пренесе руската новинска агенција ТАСС.

Loading...

„Мислам дека ги имаме сите шанси да ги зголемиме нашите сили и да започнеме со ослободување на територии со нови резерви“, додаде тој.

Тој најави испраќање засилување, но не кажа од каде ќе дојдат и дали се резервисти мобилизирани од Русија за да го запрат напредувањето на украинските сили од неколку страни.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.