Неименуван маж успеал во раните утрински часови да дојде до Бакингемската палата додека кралицата Елизабета Втора спиела, јавуваат британските медиуми, а како што наведуваат поради незапаметен пропуст во обезбедувањето.
Според информациите, тој ја преминал оградата, а потоа стигнал и до градбата и започнал да чука на влезните врати. На полицијата која се наоѓала на имотот и биле пторебни четири минути да го онеспособи затоа што се обидувале да утврдат дали е вооружен.
Кралицата бара лице задолжено за социјалните мрежи: Еве колкава плата нуди
Целата стиуација предизвикала паника во палатата поради големиот пропуст на обезбедувањето.
Истовремено се јавила доза на страв мажот да се обиде да го имитира Мајкл Фаган кој пред точно 37 години успеал да влезе во спалната соба на кралицата.
– Лицето успеало да се протне внатре додека кралицата спиела во собата и се движело слободно неколку минути пред полицајците да го приведат. Бил одлучен да влезе внатре во грабата и чукал по вратите, но, фала му на Бога, овој пат се било заклучено, рекол извор за британскиот „Сан“.
СКАНДАЛ: Книга за сексуалниот живот на кралицата ја занеме британската јавност
„Ова ќе ја интересира кралицата“
Неименуван извор од Бакингемската палата открил дека случајот ќе биде од голем интерес за кралицата: „Секако дека ќе биде. Таа точно знае што се случува во градбата“.
Како што јавува „сан“ постои сомнение дека за време на инцидентот на имотот била само кралицата затоа што моментално се извршуваат поправки.
„Круна“:Дали принцот Филип ја изневерува кралицата Елизабета?
– Сите знаат дека е таму бидејќи се виореше знамето. На сите ни олесна што вратата била заклучена и тој не можел да влезе внатре, рекла личност упатена во случајот.
Како е можно да се случи таков пропуст?
Со оглед нат оа дека знамето било кренато, малку е веројатно дека мажот не знаел дека кралицата е во палатата и дека постои голема можност тој да сакал да дојде до нејзината соба.
– Успеал да влезе скоро на ист ден кога пред 37 години тоа го сторил Мајкл Фаган. Теоријата е дека сакал да го стори истото, као и стравот дека долго смислувал и планирал како да го имитира Фаган. Полицијата на крајот го онеспособила и го држи во притвор, но ќе мора да му се постават сериозни прашања за тоа како влегол и како успеал толку долго да се задржи внатре.
Кралски курни во Шведска пронајдени во отпад
– Како е можно некој толку години подоцна да успее да ја прескокне оградата и да стапне на имотот пред некој да го спречи? Што е со сензорите и безбедносните камери? Безбедноста на кралицата би требала да биде без преседан, рекол изворот за „Сан“.
Низа упади и познатиот Фаган
Овој инцидент зададе удар врз бебзендосните операции во секторот за обезбедување на Бакингемската палата кои досега беа соочени со неколку слични ситуации.
Нејпознатиот се случил на 9 јули 1982 година во 07:15 часот по локално време кога Мајкл Фаган го прекскокнал ѕидот и влегол во собата на британската кралица Елизабета Втора.
Големи владетелски семејства кои целосно ги уништил инцестот
Додека тогаш 30-годишниот Фаган, кому му е воспоставена шизофренија, на кралицата и зборувал за проблемите на неговото семејство, таа го притиснала копчето за паника, со кое обезбедувањето добива сигнал, а кое се наоѓа покрај креветот, но не пристигнал никаков одговор. Потоа телефонски ги контактирала операторите, но тие мислеле дека некој од персоналот се шегува и одговориле: „Да драга, ти си кралицата, ние ќе испратие некого“.
Запознајте ја најмладата кралица во светот (фото)
Фаган тогаш скршил голема стаклена чинија и се заканил дека ќе си ги пресече вените, а се додека седел на работ од креветот на кралицата. На неа помошта и стигнала балгодарение на долгогодишниот соработник Пол Вајбру. Додека ги враќал од прошетка нејзините кучиња слушнал дека кралицата довикува некого. Забележувајќи го Фаган започнал да разговара со него, а потоа му понудил пијала и кога тој малку се опуштил успеал да го онеспособи и истурка надвор каде една собарка довела полицаец.
Image by MD Janiska from Pixabay