Пронајдена петтата жртва во тетовско – по девојчето сè уште се трага

Сподели со своите пријатели

Пронајдено е безживотното тело на 61-годишниот маж кој се водеше како исчезнат во поплавата што во понеделникот го зафати тетовскиот регион, потврди СВР Тетово.

Loading...

Според членовите на неговото семејство, тој непосредно пред невремето заминал да ги пасе овците над Голема Речица. Телото е најдено неколку километри низводно, на ливада.

Спасувачките екипи сè уште трагаат по шестгодишно девојче од Шипковица кое се води како исчезнато.

Во невремето што го зафати Тетовскиот регион, животот го загубија вкупно пет лица.