Пронајдена најстарата жена во светот: Регистрирана е кога дошла да прими вакцина за корона

Сподели со своите пријатели

Инсистирањето на властите во Индија да ги вакцинираат најстарите граѓани што е можно поскоро доведе до откривање на веројатно најстарата жена во светот.

Loading...

Според медиумите во Индија, лекарите кои биле во посета на најстарите граѓани за да им дадат доза од вакцината, наишле на Рехта Бегум. Бегум тврди дека има 124 години, што е седум години постарa од Јапонката Кaна Танака, кој во моментов е позната како најстарата жена на светот.

 

 

Ако Бегум има навистина 124 години, тоа би значело дека таа е две години постара од Жан Калмент, Французинка која почина на 122 години во 1997 година и која официјално е призната како најстарата жена досега.

Бабата од Индија им покажала на локалното население картичка за топло јадење, на кое пишува дека има 124 години.

Лекарите потврдија дека на Бегум вакцината и била дадена во средата во областите Јаму и Кашмир.

Loading...

Leave a Reply