Шест лица од кои двајца државјани на Косово и четворица државјани на Италија се превезувале во приватниот авион кој попладнево пред 18 часот исчезна од радарите близу скопскиот аеродром.
По неколкучасовната потрага авионот е пронајден во велешкото село Кожле, каде има огромен број полициски екипи, возила на Итната медицинска помош и новинарски екипи кои се обидуваат да го следат настанот.
Потрагата беше отежната поради лошите временски услови и дождливото време.
Крајната дестинација на авионот била Приштина, но попладнево пилотот побарал слетување на скопскиот аеродром Александар Велики со барање да рефундира гориво, односно керозин.
Засега не е познат идентитетот на лицата, ниту пак има официјална потврада за преживеани и загинати, но неофицијално според пишувањата на националните портали пронајдено е едно изгорено тело.