Промовирана новата албанска партија ”Унитети” на чело со Гзим Острени

Сподели со своите пријатели

Гзим Острени, поранашен генерален секретар на ДУИ и нејзин почесен член, денеска формално го објави формирањето на новата политичка партија во албанскиот блок ”Унитети”, или единство преведено на македонски јазик.

Loading...

Острени, до објавувањето за формирање на новата партија, важеше за најблизок соработник на Али Ахмети уште од времето на воениот конфликт во 2001, со што уживаше висока позиција во Демократската Унија за интеграција.

Како што најави на денешниот прес, Острени ја напушта матичната партија ДУИ со образложение дека партијата не ја остварила програмата, и премногу работи како „привезок“ на ВМРО-ДПМНЕ, јавува Телма.

„Ние цениме дека албанските парламентарни партии станаа вазали на ВМРО – ДПМНЕ. Целта на формирањето на Единство е е создавање нова алтернатива за понатамошниот демократски развој на Македонија“, изјави Гзим Острени, иницијатор за основање на „Единство“ на денешната прес конференција.

Правната држава не функционира, партиските платформи се заменија со демагогија, силата стана начин на дејствување на власта против сите што мислат различно и Албанци и Македонци, владее стравот од властодршци кои се издигнаа над уставот и законите – на таквите состојби мора да им се стави кра, порача Острени, навестувајќи граѓанска платформа на дејствување на новата партија.

Партијата сеуште формално не постои затоа што е во постапка на регистрација и засега има само еден пратеник, Зулфи Адели, а на промотивната прес конференција заедно со нив дојдоа и уште некои поранешни функционери на ДУИ.

Се очекува новата политичка партија да ги раздели веќе постоечките две, а посебно онаа на Али Ахмети, со тоа што ќе превземе дел од нивните гласовите на претстојните избори во пролет.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.