Промовиран проектот „Инклузивни паметни училници“ во кумановското училиште „Крсте Мисирков“

Сподели со своите пријатели

Во кумановското основно училиште „Крсте Мисирков“, денеска беше промовиран проектот „Инклузивни паметни училници“ и лифткар за пристап на ученици со попреченост.

Loading...

Проектот е поддржан од Швајцарската Агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа. Професорите и учениците имаа презентација пред министерот за локална самоуправа Горан Милевски и амбасадорката на Швајцарија, Сибил Сутер Техада, како се користат лифт кар за пренос на ученици со попреченост по скали и како практично се изведува настава со паметните табли. Четириесет и шест паметни табли и три лифткар ќе ги користат ученици од две основни централни училишта „Крсте Мисирков“ и „Браќа Миладиновци“.

Во „Браќа Миладиновци“ настава следат и 40 ученици со попреченост. Во рамки на проектот доделени се паметни табли и лифт кар за ученици во Ранковце и Старо Нагоричане.

Министерот за локална самоуправа, Милевски изјави дека Министерството го подржа проектот на швајцарската Амбасада, преку Швајцарската развојна агенција.

-За 2019 година швајцарците обезбедија 312.000 швајцарски франци за поддршка на сите осум плански региони, по 39.000 швајцарски франци по регион, имаше и форуми на кои што граѓанските организации, образовните институции, бизнис секторот одлучуваа кои проекти треба да се финансираат во регионот.

– Ова е добар пример и Министерството со новите измени на Законот за рамномерен регионален развој практично воведе форуми да имаат сите осум плански региони и за финансиските средства кои што се доделуваат од Министерството. Се надевам, доколку до распуштање на Собранието се донесе овој Закон, веќе ќе можеме да го применуваме од следната година и за финансиските средства кои што 8.000.000 евра кои што ги доделува Министерството, изјави Милевски.

Тој се надева дека и во иднина ќе се реализираат вакви иновативни проекти во кумановските училишта.

Амбасадорката на Швајцарија во Република Северна Македонија, Сибил Сутер Техада рече дека социјалната инклузија е тема која е многу значајна за Швајцарија.

Loading...

-Социјалната инклузија е тема на која што Швајцарија навистина става голем фокус и акцент, така што ова е согласно нашите фокуси и напори да имаме социјална инклузија и децата со посебни потреби да можат да го следат образовниот процес и во училниците кои што се на вториот и третиот кат, бидејќи можат да стигнат до истите, изјави амбасадорката.

Кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски и директорот на училиштето, Александар Јовановиќ се заблагодарија за реализација на проектот од кој бенефит ќе имаат учениците во двете училишта.

-Овие инклузивни паметни училници го унапредуваат воспитно-образовниот процес во нашата општина. Верувам дека во иднина и другите училишта ќе го следат овој позитивен пример. Над 2.000 ученици посетуваат настава во двете училишта и самиот проект е сестран и дава можност и на лицата со попреченост и нашите сограѓани да активно учествуваат во секојдневната воспитно-образовна едукација, а воедно дава простор и самиот проект на сите оние ученици кои отсуствуваат од настава активно да бидат вклучени во следење на наставата со тоа што ќе се конектираат на интернет и ќе ги следат тековните активности, рече градоначалникот.

Од општината се надеваат дека овој приемр ќе го следат и останатите основни и средни училишта во градот. Инаку, училиштето „Крсте Мисирков“ е изградено пред седум децении.

Leave a Reply