Промоција на албумот на Влатко Стефановски и „Амстел“ во Куманово (видео и галерија)

Сподели со своите пријатели

Летната бавча на “Нама кафе” вчеравечер беше домаќин на промоцијата на специјалното издание на албумот на Влатко Стефановски во соработка со „Амстел“ – „Тhunder from the blue sky“.

Loading...

Настапот во Куманово беше деветта по ред промотивна кампања во организација на тимот на Влатко Стефановски и „Пивара Скопје“, од вкупно десет кои ги има предвидено тимот на Стефановски за оваа лето, од кои последниот ќе се одржи наскоро во Скопје.

[huge_it_gallery id=”184″]

Влатко Стефановски пред куманановската публика пееше дел од неговите големи хитови, одличната преработка на „Јовано Јованке“, а ги претстави и песните од албумот„ Тhunder from the blue sky“.

Тој истакна дека немал промотивен концерт за материјалот од овој албум, но дека никогаш за тоа не е доцна.

За тоа каква беше атмосферата погледнете од материјалот кој екипата на Кумановски Муабети го направи на самото место на настанот.

Loading...


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.