Променливо облачно со подолги сончеви периоди, од утре повторно дожд

Сподели со своите пријатели

Времето денеска, според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи ќе биде шроменливо облачно со подолги сончеви периоди и со слаб променлив ветер.

Зголемена облачност во раните утрински часови има на североисток и на крајниот запад, а во Скопската котлина има магла. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе дува слаб претежно северозападен ветер. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 12 до 19 ° C.

Што се однесува до околинатана Куманово во текот на денот ќе имаме умерено облачно време со сончеви периоди, а од вчерашниот ветер нема да остане ништо. Меѓутоа во вечерните часови облачноста полека ќе запчочне да се зголемува, за да веќе утре имаме врнежи од дожд. Максималната дневна температура ќе го достигне 13-от степен, а минималната ќе се спушти до четири степени целзиусови.

Утре преку денот ќе зголемена облачност со повремен дожд од крајот на денот. Врнежите ќе продолжат и преку ноќта кон четврток, когз ќе има облачно време со повремени врнежи од дожд. Овие врнежи ќе траат и во петок претпладне.

До крајот на работната недела не се предвидуваат негативни утрински температури.