Променливо облачно и студено време

Сподели со своите пријатели

Преку ноќта времето беше облачно со локални врнежи кои речиси насекаде преминаа во снег, освен на крајниот југозапад и крајниот југоисток од земјава.

Loading...

Утрово е облачно, а на места се уште провејува слаб снег. Дува слаб до умерен северен ветер.

Променливо облачно и студено со слаб до умерен ветер претежно од северен правец ќе биде времето во текот на денешниот ден. Дневната температура ќе биде во интервал од -1 до 5 степени.

Во Куманово и околината ќе имаме претежно сончево, но значително студено време со максимална дневна температура од 2 степени.

Leave a Reply