Пролетна рамноденица: Зошто баш денеска започнува пролетта?

Сподели со своите пријатели

Астрономската пролет на северната хемисфера започнува денеска, 20 март во 22:58 часот. Пролетната рамноденица, еквиноциум , исто така е позната како мартовска рамноденица. На јужната хемисфера, тогаш имаме есенска рамноденица. Но, зошто токму денеска започнува пролетта?

Loading...

Мартовската рамноденица означува момент кога Сонцето преминува преку небесниот екватор, замислените линии на небото над екваторот, од југ кон север. Тоа се случува секоја година на 19, 20 и 21 март. Со оглед дека тогаш ноќта и денот се скоро подеднакво долги, 12 часа, овој настан е познат како рамноденица, што потекнува од латинскиот „equinoxium“, односно aequinoctium – equi, aequ +nox, noct – ноќ.

Сепак, во реалноста рамнодениците не подразбираат точно 12 часа дневна светлина. Солистициумот, момент кога Сонцето на небесната хемисфера опишува највиска или најниска позиција во однос на екваторот, и еквиноциумот означуваат клучни фази од астрономскиот циклус на Земјата. Во една година имаме два еквиноциуми, пролетен и есенски и два солистициуми – летен и зимски.

Нивните датуми не се фиксни поради елиптичното кружење на Земјата околу Сонцето. Кон почетокот на јануари, Сонцето е најблизу до Земјата, а кон почетокот на јули е најдалеку.

На северната хемисфера, мартовската рамноденица се слави како момент на повторно раѓање. Во многу култури во тоа време се одржуваат пролетни фестивали и празници, како Велигден и Паше.

Воочи доаѓањето на пролетта, во Јапонија се исчекување цутење на црешите (Сакура), кога целата земја се бои во розово.

Leave a Reply